Русија: Се урна хеликоптер на брза помош, пилотот загина

од Radmila Tasevska

Хеликоптер на брза помош се урна во близина на Волгоград, на југот на Русија, поради технички дефект, а пилотот загина.

„По симнувањето на повредените и лекарите, хеликоптерот на брзата помош се враќал во базата. За време на летот пилотот пријавил дефект, а потоа бил изгубен контактот со него“, изјавиле за Интерфакс од итната служба.

Остатоците од хеликоптерот се пронајдени на околу пет километри од аеродромот.

Слични содржини