Русија со второ повлекување за договор со САД: Не е задолжително Асад да управува Сирија

од desk3

Откако официјалниот портпарол на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова малку изненадувачки пред дена најави дека Русија не го брани Башар Асад во Сирија, туку државноста, денес тоа го потврди и премиерот Дмитриј Медведев во интервју за телевизијата “Русија 1”. “За Русија не е прашање на принцип сегашниот претседател на Сирија Башар Асад да остане на чело на државата”, рече премиерот и додаде дека ова прашање “треба да се остави за решавање пред сирискиот народ”.

20151017.wglsvpivyl

Единствениот услов на Москва, според Медведев е во државата да не ја земат власта терористите од “Исламска држава”. “Сакаме во Дамаск легитимна, цивилизирана власт”, се точните зборови на рускиот премиер. Тој, меѓутоа, прецизира дека “во моментов ние сме водени од очигледното, а тоа е дека Башар Асад е легитимен претседател”.

Дмитриј Медведев изјави во чист текст дека Москва го прави првиот чекор кон договор со Вашингтон за разгледување и решавање на проблемот со тероризмот во Сирија. На прашањето дали очекува спротивната страна да одговори на тоа, Медведев рече – “Ќе поживееме, ќе видиме”.

Слични содржини