Русија: Спроведувањето на договорот за жито без нас би било ризично

од Stefanija Kuzmanovska

Откако Русија се повлече од Црноморскиот договор за жито вчера, Украина сугерираше дека договорот може да продолжи без Москва. Но, Кремљ денеска соопшти дека „ќе има одредени ризици“ во случај на продолжување на испораката на жито од украинските пристаништа.

„Зборуваме за зона која се наоѓа веднаш до борбеното подрачје и без соодветни гаранции, безбедносни гаранции, постојат одредени ризици“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

 

„Затоа, ако се обидат да направат нешто без Русија, тие ризици мора да се земат предвид. Не можеме да кажеме дали некои земји би биле подготвени да ги преземат тие ризици“, додаде Песков.

Тој ја обвини Украина дека ја третира областа на Црното Море како „воена зона“ и рече дека Западот не ги исполнил своите обврски од договорот. Одговарајќи на критиките дека најсиромашните земји во светот ќе страдаат од недостиг на храна како резултат на завршувањето на договорот, Песков рече: „Најсиромашните африкански земји добија најмалку од договорот за жито“.

Слични содржини