Русија тврди дека Украина со жито плаќа за оружјето од Западот

од Nikola Popovski

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја вели дека Украина може да плаќа за оружјето од Западот со залихи на жито.

„Од Украина се извезува жито со многу голема брзина, со возови и камиони преку Дунав. Каде? Се сомневаме дека не е за потребите на оние кои гладуваат на глобалниот југ, туку дека завршува во европските магацини. Изгледа дека Украина на тој начин плаќа за испораките на оружје од Западот“, рече Небензја.

Европскиот министер за надворешни работи, Жозеп Борел, уште еднаш предупреди на глобален недостиг на храна поради војната во Украина, која е еден од најголемите светски производители на жито, бидејќи житото не може да се извезува, да се жнее или да се сади поради борбите на фронтот во Украина.

Слични содржини