Русија започна големи поморски вежби во Балтичкото Море

од Stefanija Kuzmanovska

Русија во понеделникот објави дека почнала да одржува поморски вежби во Балтичкото Море, еден ден откако земјите-членки на НАТО ги започнаа годишните вежби на Балтикот.

На вежбите на НАТО учествуваат 6.000 припадници, 50 бродови и повеќе од 45 авиони, а Финска првпат учествува како членка на алијансата, соопшти американската морнарица.

Руската армија најави дека во нејзините вежби, кои треба да траат до 15 јуни, ќе учествуваат до 40 бродови и чамци, 25 авиони и околу 3.500 лица. Москва, исто така, во понеделникот започна со вежби во Јапонското Море и на далечното источно Охотско Море, во кои учествуваат повеќе од 60 воени бродови и бродови за поддршка од нејзината Пацифичка флота.

Слични содржини