Руската армија: Првиот брод исплови од Мариупол

од Stefanija Kuzmanovska

Брод натоварен со метал исплови од пристаништето во Мариупол, изјави денеска за ТАСС прес-службата на Јужниот воен округ на руската армија.

Ова е првиот брод што го користи пристаништето по завршувањето на борбите во Мариупол.

„Бродот го напушти пристаништето“, се вели во соопштението.

Бродот натоварен со метал е придружуван од патролни чамци на Црноморската флота, а товарот ќе биде префрлен во Ростов на Дон, се додава во соопштението.

Како што изјави за ТАСС претставникот на пристаништето, првиот брод на 27 мај влегол во „ослободеното“ пристаниште во Мариупол, кое сега е отворено и подготвено да ги прими бродовите.

Слични содржини