Руската ПВО соборила два украински дрона над Тулскиот регион

од Stefanija Kuzmanovska

Руската армија утринава спречи обид на Киев со два дрона да изврши напад на руска територија, соопшти министерството за одбрана.

„Руските сили за противвоздушна одбрана уништија украински беспилотни летала над територијата Тулскиот регион“, се вели во соопштението на министерството, пренесува РИА Новости.

Министерството за одбрана на Русија претходно соопшти дека во понеделникот вечерта над областа Брјанск, силите на ПВО собориле два украински дрона.

Слични содржини