Руската црква жали за новиот статус на Аја Софија

од Stefanija Kuzmanovska

Руската православна црква изрази жалење денес што турскиот суд не ги зел предвид нејзините грижи кога пресуди дека одлуката да се направи Aја Софија музеј е нелегална.

Таа изјави дека одлуката може да доведе до уште поголеми поделби, јавуваат руските медиуми.

Највисокиот турски управен суд донесе пресуда денес дека и дозволува на владата да ја претвори истанбулската „Аја Софија“, поранешна византиска православна базилика што стана џамија по падот на Цариград во 1453 година под османлиска власт, а која сега е музеј. Сега повторно таа станува верски објект во кој ќе се врши богослужба, објави АП.

Државниот совет на Турција ја поништи одлуката на владата на секуларната турска влада на Кемал-паша Ататурк од 1934 година да ја претвори Аја Софија во музеј.

Слични содржини