Руски дронови повторно го нападнаа родниот град на Зеленски, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska

Педесет и шестгодишен маж е повреден во напад со руски дронови врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Криви Рог, изјави регионалниот гувернер Серхи Лисак.

Нападот оштети голем број згради, но украинските воздухопловни сили соопштија дека 16 од 17-те ирански дронови „Шахед“, лансирани од Русија во текот на ноќта, биле соборени во јужните и источните региони на земјата, објави „Ројтерс“.

Како што напиша Лисак на Телеграм, оштетени се едно општинско претпријатие, две станбени згради и транспортна компанија во Криви Рог.

Слични содржини