Рускиот институт потврди дека Спутник V штити од сите видови на коронавирус!

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот институт „Гамалеа“, кој ја разви вакцината против коронавирус „Спутник V“, соопшти денеска дека заштитува од „сите познати соеви (варијанти)“ на вирусот, вклучувајќи ја и делта варијантата на коронавирусот одговорен за скокот на епидемијата на ковид 19 во таа земја.

Главниот град Москва и околината, како и вториот по големина град во земјата, Санкт Петербург, се особено погодени од новиот бран на инфекции и се бележат рекордни бројки на заразени, додека програмата за вакцинација е во сила. Денес, московскиот регион забележа најголем дневен скок на бројот на заразени лица од почетокот на пандемијата.

Во последните 24 часа во Русија се регистрирани 17.378 нови случаи на инфекција со коронавирус, а само во Москва се регистрирани 7.584 нови случаи на инфекција. На крајот на неделата, бројот на дневни нови инфекции надмина 9.000.

Слични содржини