Рускиот патријарх Кирил преку митрополитот Антониј испрати поздрави и топли желби до архиепископот Стефан

од Nikola Popovski

Во текот на вчерашниот ден, поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во својата резиденција во Скопје го примил претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија митрополитот Волоколамски Антониј, кој пристигна во Северна Македонија во работна посета со благослов на Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Кирил.

-На средбата присуствувале членовите на Светиот синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, Секретарот на Синодот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, епископот Хераклејски г. Климент. На средбата присуствуваа и советникот на Неговата Светост Патријархот Московски и на цела Русија Кирил протоереј Николај Балашов, Заменик-претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија протоерејот Игор Јакимчук, поглаварот на подворjе на Руската православна црква во Софија архимандритот Васијан (Змеев) и помошникот на претседателот на Одделот за надворешни црковни односи на Московската патријаршија свештеникот Александар Ершов, кои го придружува на патување митрополитот Волоколамски Антониј, како и Вонредниот и Ополномоштен Амбасадор на Русија во Северна Македонија Сергеj Баздникин.

Митрополитот Волоколамски Антониј на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан му ги пренел поздравите и топлите желби на Неговата Светост Патријарх Московски и на цела Русија Кирил, уште еднаш честитајќи му на Поглаварот на Македонската православна црква – Охридската архиепископија за доделувањето на канонската автокефалност.

Во атмосфера на љубов и братско разбирање, учесниците на средбата размениле мислења за актуелните состојби во православниот свет, разговарале за перспективите на развој на односите меѓу Московската патријаршија и Македонската православна црква – Охридската архиепископија, а се осврнале и на низа други теми од заеднички интерес. На крајот од средбата, страните размениле сувенири, информираат од Руската православна црква преку соопштение.

Слични содржини