Руските тенкови пристигнаа во центарот на Мариупол

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Мариупол, Вадим Бојченко, изјави дека борбите стигнале до самиот центар на градот, што го потврдуваат претходните руски извештаи, пишува Би-би-си.

„Да, тие се навистина активни денес. Борбата со тенкови и митралези продолжува. Сите се кријат во бункери“, рече градоначалникот.

Тој додаде дека повеќе од 80 отсто од станбените згради се уништени или срамнети со земја, а околу 30 отсто од нив не може ни да се обноват.

„Центарот на градот повеќе не постои. Веќе нема парче простор во градот каде војната не е видлива“, рече тој. Исто така, луѓето се извлекуваат од подрумот на бомбардираниот театар, но се уште не е познат бројот на жртвите и преживеаните.

Слични содржини