Руско министерство по падот на „Иљушин“: „Прашање е дали сега ќе биде можен било каков договор“

од Stefanija Kuzmanovska

Инцидентот со „Ил-76“ во регионот на Белгород го отвора прашањето за можноста за каков било договор со Киев, наведе на својот Телеграм канал Родион Мирошник, амбасадор на руското министерство за надворешни работи за специјални задачи за злосторствата на режимот во Киев.

„Овој крвав инцидент отвора големо прашање за можноста за барем некакви договори во кој било формат. Гаранциите кои тие ги даваат, ако веќе не се прекршени, сигурно ќе бидат. И во тоа нема сомнеж“, напиша Мирошник.

Тој нагласи дека Киев извршил „чин на лудо варварство“ денеска, покажувајќи целосно непочитување на човечкиот живот. Исто така, додаде Мирошник, Киев ја започна војната во 2014 година со соборување на малезискиот патнички авион МХ17, продолжи со стрелање на сопствените затвореници во Јеленовка, а сега ги уништи животите на 65 свои сограѓани.

„Украинската диктатура ги жртвуваше во желбата да ја покаже ‘крвавата суштина на Русија’, но ја покажа својата нацистичка нехумана храброст демонстративно испраќајќи ги на другиот свет оние за кои наводно ‘се бореле’“, рече Мирошник.

Тој заклучи дека одговорноста за злосторството ќе падне на сите претставници на режимот во Киев.

Транспортниот авион „Ил-76“ на руските воздухопловни сили со 65 украински затвореници, кои се превезувале на размена, со екипажот и придружниците, се урна во регионот на Белгород, соопшти претходно руското министерство за одбрана.

Слични содржини