Рускоска негира дека информацијата за притворот на Мијалков протекла од Обвинителството

од Берта Китинска

Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал, Вилма Рускоска во изјава за ТВ Сител ја исклучува можност дека информацијата за притворот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков протекла од Обвинителството.

– Не постои таква можност, затоа што првата информација која јас ја испратив до МВР ја пишував сама во кабинет во попладневните часови во сабота и немаше никој на работа освен мене. Вчера, во неделата, дојдоа само колегите Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов со веќе изготвен предлог до судот за определување на мерка притвор, така што освен нас тројца во неделата не знаеше никој. Апсолутно ја исклучувам можноста дека информацијата протекла од Обвинителството, изјави Рускоска.

Слични содржини