Русковска: Изјавите на претседателот и лидерот на опозиција се недозволиви

од Andreja Salpe

Шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во интервју за 360 степени на Алсат телевизија вели дека настаните на 27 април треба да ги гледаме како мозаик.

  • Секој од обвинетите претставува едно парче од тој мозаик, доколку едно или две парчиња фалат сликата не може да биде комплетна. Секој си имал своја улога, погрешно е кога ќе кажат дека во суд првпат се запознале, вели Русковска објаснувајќи го делото за обвинетите на 27 април.

Таа исто така напомена дека, никој од обвинетите и осудените не одговара за тероризам, туку целото нивно дело е оквалификувано како терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

  • Ние се фокусиравме на луѓето кои влегоа со маски, на оние кои носеа оружје, на оној кој ја поставил експлозивната направа. На пример, имавме сведочења кај што некој со чадор ги удирал, па министерот Манчевски извадил 500 денари па го откупил чадорот. Без разлика што тој со чадорот ги удирал, не беше обвинет. Поентата е дека сакавме со овој предмет да ги опфатиме оние кои највеќе придонесоа за насилството и за безбедноста и стравот кај граѓаните, додаде Русковска

Во врска со актуелните изјави на претседателот и премиерот во врска со настаните од 27 април, Русковска вели дека во вакво време кога државата очекува датум за преговори и кога сее стремиме за отпочнување на преговорите со ЕУ, ваквите изјави само не одддалечуваат.

  • Кога би добиле датум за преговори, се започнува со поглавјата 23 и 24, тоа е правосудство и владеење на правото. Сметам дека лидерот на најголемата опозициска партија, кој можеби на следни парламентарни избори да стане премиер на оваа држава, уште помалку претседателот на државата, да даваат вакви изјави. Тоа не е нивна работа, не можат да си дозволат судски пресуди, да даваат квалификации, затоа што со тоа сее врши директен политички притисок врз работатаа на судовите, истакна Русковска

Слични содржини