Ружин: Мора да најдеме заеднички именител со Бугарија за Делчев, а тоа добро го прави Заев

од Берта Китинска

Кога ќе се спомене патриотизам во врска со прашњето за Гоце Делчев  во 21 век изгледа како еден провинциски израз кој веќе е  излитен, вели професорот Нано Ружин во емисијата Само Виситна на Канал 5.

-Што се случува меѓу нас и Бугарија ние живееме во различни општества  секој од нас си го градеше својот индентитет. Гоце Делчев е мит и иконографија‎. Во овој момент и во овој проблем  историчарите треба да најдат еден модус вивенди, а политиката излез.Таа иконографија е исто како и името Макдонија треба да имаме релистичен пристап, големината е да изнајдете компромис, вие во 21 век мора да најдете компромис со соседот  мора да се најде заеднички именител  и тоа добро го прави Зоран Заев, вели Ружин.

Тој додаде со Преспанскиот договор и НАТО го обезбедивме суверенитетот на земјата.

 

Слични содржини