САБОТЕН РУЧЕК ЗА СИТЕ ГУРМАНИ: Компири, сланина и месо со сочен прелив!

од Vladimir Zorba

Можеби мислите дека ваквото јадење заслужува долга и тешка подготовка…но сето тоа си заслужува, поготово ако планирате да го поминете саботното попладне во домашна атмосфера…

Состојките веќе ги имате дома, а овој рецепт е вистинскиот избор за уживање со семејството.

Сланина, компири и месо со сочен прелив ќе биде вашата најдобра одлука денес, а ќе го добиете ручекот од соништата!

Потребно е:

Мелено месо
Јајца
Кашкавал
Сланина
Компир
Кромид
Зеленчук по избор

Подготовка:

Сланината исечкајте ја на парчиња и пропржете ја. Не е потребно дополнително масло. Исечете ги компирите на мали коцки. Истурете вода во тенџере и додадете компирите да се сварат. Кога водата ќе зоврие, компирите се варат 10 минути. Отстранете ја сланината, додадете еден ситно исечкан кромид и малку масло во истото тавче каде што сте ја пржеле сланината. Додадете 250 грама мешано мелено месо, можете да користите и пилешко, само ситно исечкајте го и пропржете го во иста тава како и сланината.

Вклучете ја рерната на 200 степени да се загрее.

Кога месото ќе се испржи, додадете малку сол, бибер (по вкус) и малку лук во прав. Компирите процедете ги и подгответе огноотпорен сад. Намачкајте го со масло огноотпорниот сад и додадете ги сварените компири. Преку него се ренда кашкавал и се додава месото.

Додадете масло во тавата во која сте го динстале месото. Запржете го зеленчукот, може да биде свеж или замрзнат. Тој зеленчук го додавате во садот по месото, односно редите компири, кашкавал, месо и дури потоа зеленчукот.

Прелив

Треба да изматете две јајца. Додадете 3 – 4 лажици кисела павлака во изматените јајца, можете да додадете дополнително сол. Овој прелив кој сте го подготвиле се става преку целата смеса во сад. Малку измазнете со лажица. Можете да ги исечете доматите на прстени и да ги додадете преку преливот за уште подобар вкус. Одозгора изрендајте повеќе кашкавале и ставете ја во веќе загреана рерна на 200 степени 25 минути.

Едвај кога ќе се испече јадењето, одозгора додавате сланина.

На здравје!

Слични содржини