САД и европските сојузници разговараа за Русија, Украина, Кина и Иран

од Milan1

Министрите за надворешни работи на Германија, Франција, Велика Британија и САД разговараа синоќа за ситуацијата на украинската граница и претстојните формати на дијалог со Русија, соопшти германското МНР.

Четворицата министри за надворешни работи разговараа и за последната рунда меѓународни разговори во Виена за иранската нуклеарна програма и како да се покаже солидарност со Литванија поради неодамнешните дејствија на Кина, објави Министерството на Твитер.

Американскиот претседател Џозеф Бајден и рускиот претседател Владимир Путин планираат денеска да разговараат телефонски, според најавите од Белата куќа и Кремљ, во време кога Вашингтон подготвува заеднички одговор со европските сојузници на руското воено зајакнување на границата со Украина.

Слични содржини