Samsung Pay веќе има 10 милиони корисници

од Vladimir Zorba

Samsung се пофалија дека нивната услуга за мобилни плаќања Samsung Pay успеала да ја помине бројката од 10 милиони корисници за помалку од три години по лансирањето во август 2015 година.

На 2 април, пак, вкупната вредност на плаќањата во неа ја достигна бројката од 18 трилиони вона (17,1 милијарди долари).

Корејските медиуми потсетуваат дека услугата успеала да собере еден милион корисници уште во првите два месеци по нејзината официјална премиера, а во првата година трансакциите со неа биле во вредност од 2 трилиони вона.

Само една година подоцна оваа бројка се искачи на 10 трилиони вона.
Во моментот Samsung Pay е водечки сервис за плаќање во Република Кореја, а освен тоа е достапна во уште 21 земја, меѓу кои, за жал се уште не влегува Македонија.

Слични содржини