Сања од Hurricane отворено зборува за тешката болест со која се соочува

од Elena Daskalova

Девојките од српскиот бенд Hurricane полека но сигурно ја освојуваат Европа, со оглед на тоа што се едни од оние кои привлекоа најмногу внимание со изборот за песна со која ќе настапат на Евровизија.

Бринетата Сања Вучиќ веќе еднаш ја освои евровизиската сцена како соло-изведувач, а сега очекувањата се уште поголеми. Таа никогаш не крие дека боледува од хашимото, состојба на штитната жлезда поради која мора да пие терапија доживотно. Нејзините колешки се загрижиле за нејзиното здравје, особено сега, кога таа постојано е на проби и настапи заедно со нив.

„Ми беше лошо, а не знаев што ми е. Чувствував умор, немав енергија, раздразлива бев и нерасположена. Мислев дека имам психички проблеми и побарав антидепресиви. Потоа отидов на гинеколог. За среќа, таа веднаш ги препозна симптомите и ме упати на ендокринолог, бидејќи и самата има хашимото“, открила Сања.

По дијагнозата ѝ било многу тешко, бидејќи веројатно ќе треба да ја пие терапијата цел живот. Чувствувала и нуспојави и несакани ефекти, килограмите варираат, но со текот на времето се навикнала на сопствената состојба и ја прифатила.

Сања вели дека нема да ѝ дозволи на болеста да ја спречи во настапите и успесите кои Hurricane ги нижат заедно како бенд. Другите членки Ивана и Ксенија се свесни за ситуацијата и не им е тешко да се прилагодат на тоа, покажувајќи толеранција и емпатија.

Меѓу другото, девојките од бендот откриваат дека земаат дополнителни часови за пеење, сакајќи да го доведат својот настап до совршенство и да бидат најдобри. Ангажирале и нутриционисти кои се грижат за нивната исхрана и редовно вежбаат.

Слични содржини