Санчо го напушти кампот на репрезентацијата

од Vladimir Zorba

Англискиот фудбалски репрезентативец Џејдон Санчо го напушти кампот на „Гордиот Албион“, пренесуваат островските медиуми.

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед се повреди на тренинг, но до утрово не се знаеше дали ќе биде подготвен за игра.

Се уште не се знае сериозноста и степенот на повредата, но потврдено е дека ќе ги пропушти натпреварите со Андора и Полска во квалификациите за СП 2022 година.

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт не може да смета и на Доминик Калверт-Левин од здравствени причини.

Слични содржини