Санчо: Многу ми се допаѓа да играм во Дортмунд

од Vladimir Zorba

Џејдон Санчо, според многумина најдобриот играч на Борусија Дортмунд, конечно проговори за шпекулациите дека летово ќе ги напушти редовите на „милионерите“.

Пред неколку недели се зборуваше за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед, но се чини дека сè стана комплицирано и дека англискиот фудбалер би можел да остане на „Сигнал Идуна Парк“ и следната сезона.

Јунајтед и Дортмунд беа во преговори со недели, Германците им дадоа рок на Британците да завршат сè за трансферот до 10 август, кога „милионерите“ отидоа на подготовките, но очигледно е дека двете страни не можеа да се договорат за висината на обештетувањето.

Дортмунд не се откажува од бараните 120 милиони евра, додека Јунајтед се обиде да ја намали таа бројка и да ја плати на неколку рати.

Она што ќе се случи сега е многу неизвесно, се чини дека Јунајтед повторно прави грешки од минатото кога дозволи преговорите за индивидуалните играчи да се претворат во долги летни саги.

Без оглед на тоа што имаат договор со Санчо, главната пречка не е надмината и тоа може да ги чини трансферот на играчи за кои се верува дека се прва мета на Оле Гунар Солскјер ова лето.

По победата од 6-0 над Алтач во пријателски натпревар, Санчо си ја отвори душата.

„Навистина ми се допаѓа да играм за Борусија. Ова е посебна група на играчи. Имаме уште некои специјални млади играчи што допрва треба да дојдат. Среќен сум што го делев теренот со нив и успеав да ги водам. Порано бев во нивните чевли и знам што ги чека“, рече Санњо.

Што се однесува до Јунајтед, полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа ги чека во недела, на 16 август, а противник им е Севиља.

Слични содржини