Санчо: Победата над Ливерпул ни значи многу

од Vladimir Zorba

По долго време го видовме вистинскиот Манчестер Јунајтед кој играше со многу енергија, желба, пожртвуваност и тоа на крајот им се исплатеше.

Тие ја прекинаа низата лоши резултати против големиот ривал Ливерпул (2:1) и го постигнаа првиот триумф сезонава.

Секако дека има долг пат до опоравување, но ваква игра секако ги бодри симпатизерите на клубот од „Театарот на соништата“.

Водечкиот гол за Јунајтед го постигна Џејдон Санчо во 16. минута, откако голот беше маестрална реакција и рутинска реализација.

„Оваа победа ни значи многу. Не поминавме најдобро во првите две кола и денеска направивме пресврт. Имавме многу болки минатата недела, знаевме дека треба да се вратиме вечерва и да им покажеме на навивачите што можеме“, вели Санчо.

Во таа ситуација кај голот, тој со еден потег го извади од игра Џејмс Милнер.

„Не сфатив колку време имам, но кога успеав да го исфрлам од игра дефанзивецот, ми требаше смиреност за да го реализирам тоа. Сето ова навистина многу ни значи, ја видовте реакцијата на навивачите. Ние освоивме три бода, но следниот меч е уште поважен. Мораме на секој следен натпревар да играме како сега. Среќен сум за бодовите, да продолжиме понатаму“, изјави Санчо.

Слични содржини