Сандра Булок и Бред Пит партнери во нов акционен филм

од Stefanija Kuzmanovska

Сандра Булок и Бред Пит ќе играат заедно во филмот Bullet Train, за кој се подготвува сценарио. Оваа вест беше пренесена од странски медиуми, а фановите ширум светот се целосно воодушевени од оваа идеја.

Иако двајцата се сметаат за огромни и мегапопуларни холивудски sвезди, Сандра и Бред, изненадувачки, сè уште не соработувале.

Според „Deadline“, ова е нов акционен филм базиран на јапонскиот роман Maria Beetle од Котаро Ајзак.

Деталите за заплетот и улогата што ќе ги играат овие актери не се познати, но многумина чекаат на оваа комбинација на актери уште од деведесетите.

Слични содржини