СДСМ: Изборите ќе бидат во 2024 и тоа прашање е затворено

од Nikola Popovski

Денешната прес-конференција на Мицкоски покажа дека тој не е фактор на политичката сцена туку опортунист кој работи единствено за личен интерес и интерес на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш на штета на интересите на граѓаните, изјави денеска на прес-конференција пратеникот од редовите на СДСМ, Мартин Костовски.

Според него, Мицкоски не треба да нуди неспособни тимови составени од бројни соработници на Никола Груевски и лица против кои се водат судски процеси.

-Неговиот тим на градоначалници е вистинска слика и прилика што може да се очекува од ВМРО-ДПМНЕ како власт што е еднакво на катастрофа. Општините кои тој ги нарекува „слободни територии“ во суштина се поле за груба партизација на институциите со кадри од ВМРО-ДПМНЕ. Владата е фокусирана на менаџирање на кризата и заштита на стандардот на граѓаните и средба во моментов воопшто не е потребна, појасни Костовски и додаде дека изборите ќе бидат редовни во 2024 година и тоа прашање е затворено.

 

Слични содржини