СДСМ: Поевтина струја за граѓаните со изградбата на централата во Скопје

од Nikola Popovski

Со договорот за стратешката инвестиција за изградба на когенеративна централа во Скопје, се обезбедува поевтина струја за граѓаните во наредните 20 години, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.

Според партијата, освен што ќе се добијат дополнителни количини на струја за енергетскиот систем и ќе се задоволат потребите за топлинска енергија.

-Долгорочната енергетска стратегија на СДСМ е да има доволно количина на енергија за сите потреби на граѓаните и компаниите и државата повеќе да не биде зависна за гас и струја. Енергетската транзиција во државата ќе се случи не само со јавни инвестиции, туку и со приватни инвестиции, кои се неодминливи. СДСМ како одговорна партија гради ефикасен и одржлив енергетски сектор и ја намалува зависноста од увоз, велат од владеачката партија.

Последниот збор за изградба на централата во Железара која треба да ја гради грчки Митилинесос, ќе го има Собранието. Вицепремиерот Фатмир Битиќи кажа дека нема ништо спорно. Членови на Владата размислуваат да ги повлечат предлог-законите за новата когенеративна централа во Железара која што треба да ја гради грчката компанија, за која е предвидено да добие повеќе видови на државна помош.

-На оваа инвестиција не требада гледаме само од аспект на економски и енергетски придобивки, туку и од перспектива на здравјето на граѓаните на Скопје, кое серизоно е загрозено од неквалитетниот воздух, додава вицепремиерот.

Слични содржини