СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е нервозна поради извесниот пораз и се обидува да бара алиби

од desk4

Нервозната ВМРО-ДПМНЕ наместо очајно да бара алиби за убедливиот пораз кој им следува на претстојните претседателски избори треба да ги остави институциите да си ја работат својата работа.

Не можејќи да прифатат и да се помират со тоа дека денес институциите меѓу кои и Државната комисија за спречување корупција функционираат професионално, ВМРО- ДПМНЕ повторно се обидуваат да ги манипулираат граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како партијата симбол за злоупотреби, заплашувања и притисоци. Времето кога државните институции беа партиски испостави, заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на Центарот за комуникации со јавноста на СДСМ

Слични содржини