СДСМ: За неполни пет години минималната плата се зголеми за над 6000 денари

од Nikola Popovski

Владата предводена од СДСМ постојано го вреднува трудот на работникот и останува доследна на заложбата за повисока минимална плата за работниците. За неполни пет години минималната плата ја зголемивме од 9.000 на 15.200 денари, односно за над 6.000 денари, велат преку соопштение од владеачката партија.

Од таму додаваат дека зголемувањето на платите нема да застане тука.

-Во тек е социјален дијалог со сите засегнати страни за минималната плата повторно да се зголеми.

И додека Владата предводена од СДСМ работи на тоа повеќе пари да завршуваат во семејните буџети, ВМРО-ДПМНЕ повторно е против новото покачување на минимална плата. Трајко Славески висок функционер на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Советот на Град Скопје повторно јавно се противи на зголемување на минималната плата.

Ништо ново од Белиот дворец, ВМРО-ДПМНЕ има проблем секогаш кога парите завршуваат кај граѓаните, обвинуваат од СДСМ.

 

Слични содржини