Се намалува бројот на новозаболени, вакцината ќе биде бесплатна и на доброволна основа

од Берта Китинска

Полека се намалува бројот на новозаболени, но бројот на смртни случаи се уште е висок во земјава.

Досегашните мерки дадоа резултат. Денешните анализи покажуваат дека Р0 факторот е веќе под 1, односно 0.95. Но, ситуацијата е се уште, вели министерот Венко Филипче во Дневник на телевизија Сител.

-Размислувавме на сите аспекти при димензионирање на мерките, периодот на празници не е предизвик само за нас, туку и за целиот свет. Досегашните мерки дадоа резултат. Денешните анализи покажуваат дека Р0 факторот е веќе под 1, односно 0.95. Но, ситуацијата е се уште критична и сметавме дека овие мерки нема да бидат доволни во периодот кој ни претстои. Сетот на мерки кои произлегоа од денешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе бидат дискутирани на утрешната владина седница. Каков ефект ќе имаат мерките, секако зависи од одговорноста на граѓаните, изјави Филипче .

Тој истакна дека во месец јануари 2021 година ќе пристигнат фрижидерите на -70 степени за вакцината од компанијата Фајзер.

Филипче информираше дека преку три механизми бараме по 800 илјади дози вакцини, а целта е да се вакцинира 60% до 70% од населението, повторно нагласувајќи дека први за вакцинација ќе бидат здравствените работници, посебно оние кои работат со ковид пациентите, понатаму повозрасните граѓани над 65 години, пациентите со хронични болести, особено оние со хронични болести на белите дробови, срцето.

Вакцината ќе биде бесплатна за граѓаните и на доброволна основа, но со цел да се подигне свеста за потребата од вакцинација, Филипче најави дека се подготвува кампања, воедно и дека ќе бидат преземени сите мерки, вклучително и повикување на одговорност за оние кои ќе шират лажни вести во врска со неефикасноста на вакцината или нејзината поврзаност со некои болести.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 73851, бројката на оздравени пациенти е 50046, на починати е 2147, а бројот на активни случаи изнесува 21658.

Слични содржини