Триесет организации меѓу кои и дел од маргинаните политички партии, невладини организации, граѓански иницијативи од земјата и поединци од дијаспората ќе потпишат Меморандум за стратешка соработка со цел бојкот на референдумот.

Меморандум овие организации ќе го потпишат  денеска , а меѓу нив е и проруската партијата „Единствена Македонија“.

Како што велат од таму со Меморандумот ќе се формира Кризен штаб кој ќе води јавна пропаганда за неизлегување и бојкот на референдумот.