Се огласи Белата куќа по падот на Бајден во Колорадо

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот претседател Џозеф Бајден е добро откако се сопна и падна на настан во американската сојузна држава Колорадо, соопштија денеска претставници на Белата куќа.

„Имаше вреќа со песок на сцената додека претседателот се ракуваше“, напиша директорот за комуникации на Белата куќа, Бен ЛаБолт, на Твитер, додавајќи дека Бајден е добро.

Прес секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, рече дека Бајден се качил во авионот при неговото враќање од Колорадо со „голема насмевка“, објави Би-Би-Си.

Слични содржини