Се огласи манекенката која беше понижена од Хју Грант на Оскарите

од Stefanija Kuzmanovska

Манекенката и водителка на овогодинешниот црвен тепих на Оскарите, Ешли Греам, го коментираше нејзиното интервју со Хју Грант кое стана вирално на интернет.

Ешли разговараше со познатите личности, а кога дојде редот на британскиот актер, водителката се почувствува непријатно и зажали што се обиде да го интервјуира Грант. На секое прашање што му го постави манекенката, Хју даваше кратки одговори, а на крајот Ешли се откажа од разговорот.

Откако ова видео излезе во јавноста, многумина на социјалните мрежи го критикуваа актерот за неговото непријатно однесување.

Манекенката сега се огласи за првпат по ова интервју.

„Знаете што, мајка ми ме научи да убивам луѓе со љубезност, па еве“, изјави Греам накратко за TMZ.

Манекенката не сакаше да испрати никаква порака до актерот кој беше цел на критики поради интервјуто со неа, но изјави дека е задоволна од своето ново искуство.

„Си поминав убаво. Нозете ме болеа, но се забавував“, изјавила манекенката.

Слични содржини