Се огласи Навални: Го прекинува штрајкот со глад

од Nikola Popovski

Рускиот опозицинер Алексеј Навални, кој се наоѓа во затвор, објави дека го прекинува штрајкот со глад откако добил медицинска помош и откако лекарите го предупредија дека ако продолжи, неговиот живот ќе биде загрозен.

Во објавата, на 24-тиот ден од штрајкот со глад, Навални изјави дека ќе продолжи да бара неговиот лекар да го прегледува поради губење на чувство во рацете и нозете, пренесе Асошиејтед прес.

Тој додаде дека, сепак, ќе го прекине штрајкот откако го прегледале лекари кои не се од затворото, што тој го нарече „огромен напредок“.

Навални изјави дека благодарение на поддршката на голем број луѓе ширум земјата и светот, постигнат е огромен напредок.

Тој штрајкуваше од 31 март во знак на протест против одбивањето на затворската управа да му дозволи да го посетуваат неговите лекари откако почувствува остри болки во грбот и чувство на вкочанетост на нозете.

Навални издржува затворска казна од две и пол години под обвинение за стар случај на проневера, за кој тврди дека е фабрикуван.

Слични содржини