Се огласи Обвинителството во врска со случајот со Бранислав Лечиќ

од Stefanija Kuzmanovska

Случајот со тврдењето на актерката Данијела Штајнфелд дека била силувана во 2012 година од постар колега, славниот актер Бранислав Лечиќ, сè уште е под истрага пред надлежните органи, додека медиумите денес повторно пишуваат за наводните нови жртви на Лечиќ.

„Се уште се во фаза на проверка“, изјави за „Танјуг“ кратко Ивана Ракочевиќ, портпарол на Вишото јавно обвинителство во Белград, истакнувајќи дека обвинителството засега не може да даде повеќе детали, бидејќи „мора да дејствува во согласност со интересите на учесниците во постапката“.

Поранешната актерка Мерима Исаковиќ, која на почетокот на април во интервју за „Недељник“ го обвини Лечиќ за сексуален напад пред 43 години, денес повторно објави во весникот дека по интервјуто, девојки ѝ се јавиле и ѝ раскажале дека Бранислав Лечиќ им приоѓал на разни непристојни начини и дека се подготвени да сведочат против него.

„Тие се подготвени да сведочат пред обвинителството, но само под услов нивниот идентитет да остане во тајност. Тие истакнаа дека се плашат од него, но и дека се згрозени од токсичните натписи“, навела Исаковиќ.

Лечиќ и Штајнфелд беа испрашувани од полицијата во март во врска со тврдењата на актерката дека Лечиќ ја силувал во 2012 година, а сега се проверуваат наводите што тие тогаш ги изнесоа.

Слични содржини