Се огласи ВИСТИНСКИОТ СОПСТВЕНИК на палатата: Бизнисмен и партнер на Путин во џудо

од Nikola Popovski

Рускиот бизнисмен Аркадиј Ротенберг изјави дека тој е сопственик на огромна палата на југот на Русија, која лидерот на опозицијата Алексеј Навални ја поврза со шефот на државата Владимир Путин.

Видеото во кое Навални изјавува дека Путин е сопственик на палатата е прегледано повеќе од 103 милиони пати на Интернет.

Ротенберг беше спаринг партнер на Путин во џудо, а во 2019 година го продаде својот удел во компанијата за изградба на гасоводот „Стројгазмонтаж“ за скоро милијарда долари.

Според Ротенберг, тој ја купил палатата пред две години, пренесе Ројтерс.

„Веќе не е тајна, јас сум корисник. Тоа е многу комплициран објект, имаше многу доверители, но јас успеав да станам сопственик“, рече Ротенберг.

Ротенберг е на списокот на руски официјални лица и бизнисмени што западните земји ги ставија на црната листа по руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Слични содржини