Се подобра ситуацијата во Италија: Бројот на новозаразени и смртни случаи се намалува, додека бројот на излекувани расте

од Nikola Popovski

Бројот на новозаразени и смртни случаи од коронавирусот во Италија продолжува да опаѓа на дневна основа, додека бројот на лица кои се излечиле се зголемува.

Потврдени се 642 нови случаи на инфекција, а 156 лица починале во последните 24 часа, објави денес Агенцијата за цивилна заштита.

Од почетокот на пандемијата на 21 февруари починаа 32.486 лица, така што Италија е на третото место во светот по САД и Велика Британија во однос на бројот на жртви, пренесува Ројтерс.

Според бројот на заразени, 228.006, Италија е шеста земја во светот. Се излечиле 134.560 пациенти, што е за две илјади повеќе од вчера.

Слични содржини