Се погласни се гласините околу новото момче на Кајли Џенер

Само еден месец откако раскина со таткото на своето дете, Травис Скот, Кајли продолжила понатаму. Кајли често ја гледале до раперот Дрејк, па така, се погласни се гласините дека нивното пријателство прераснало во нешто повеќе.

Како што пренесуваат светските медиуми, благодарение на извори блиски до Кајли, се чини дека славната милијардерка ја нашла својата нова љубов.

„Тој и Кајли во последно поминуваат многу време заедно. Тие се пријатели со години, а Дрејк е многу близок со целото семејство“, открил еден извор додека друг додал дека нивното пријателство прераснало во љубов.

Гласините двојоно се зголемија откако Кајли била меѓу повиканите на 33. роденден на славниот рапер, а потоа била видена и на неговата забава за Ноќта на вештерките во Вест Холивуд.

Кајли и Дрејк се познаваат со години, а таа заедно со сестра си Кендал, со него ја дочекаа и Новата година на неговата забава во Лос Анџелес.

Со поранешниот партнер, 28-годишниот Травис Скот, Кајли помина две години и заедно ја имаат ќеркичката Сторми. Од друга страна, Дрејк е слободен со месеци, додека од врската со поранешнта порно-актерка Sophie Brussaux го има двегодишниот син Адонис.

Слични содржини