СЕ ПОЈАВИЈА СНИМКИ ОД ИСТРЕЛИТЕ: Неколку пати ги предупредија, а потоа… (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Руската Федерална служба за безбедност објави снимка од инцидентот со британскиот разурнувач „HMS Defender“, кој нелегално влегол во руските води во Црното Море. На снимката се гледа дека екипажот на бродот постојано барал странските пловни објекти да ја напуштат областа, а потоа отвориле оган.

-Истрелајте плотун на предупредување! Истрелајте плотун на предупредување! Оган! – наредува гласот од снимката.

Откако рускиот брод отвори оган, ловецот-бомбардер Су-24М, со цел дополнително да им покаже на Британците што ги чека, фрли бомби во правец на пловниот објект.

Се наведува дека британскиот разурнувач влегол во руските територијални води на три километри, а крајбрежниот брод испукал предупредувачки истрел, откако Сухој-24М фрлил неколку бомби покрај разурнувачот, кој потоа ја напуштил руската територија.

Слични содржини