Се породи Ријана, откриен полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Ријана и раперот Асап Роки станаа родители по втор пат. Светските медиуми пренесоа дека пејачката се породила и дека добиле ќерка.

„Таа е пресликана Ријана. Ги има дури и нејзините светли очи“, изјавил извор близок до парот.

За потсетување, пејачката откри дека е бремена на настапот „Супер Боул“ во февруари, кога го откопча комбинезонот за да го открие трудничкиот стомак. Минатиот мај пејачката го роди своето прво дете.

Слични содржини