Се разведува Рис Витерспун: „Наш највисок приоритет е…“

од Stefanija Kuzmanovska

Рис Витерспун објави дека се разведува од сопругот Џим Тот.

Популарната актерка и најпознатата русокоса во светот на својот Инстаграм профил ја сподели веста за разводот.

Рис Витерспун одлучила да стави крај на бракот само неколку дена пред нивната 12-годишнина.

Актерката истакна дека во овој момент главен приоритет е нивното дете, но и целото семејство.

„Имаме да споделиме некои лични вести… По многу размислување донесовме тешка одлука да се разведеме“, започна актерката и продолжи:

„Уживавме во толку прекрасни години заедно и напредуваме со длабока љубов, љубезност и взаемна почит кон сето она што го создадовме заедно.

Наш највисок приоритет е нашиот син и целото наше семејство додека се движиме во следното поглавје“, наведе Рис.

Рис и Џим првпат беа поврзани во медиумите во 2010 година, по што станаа неразделни. Тие се венчаа во 2011 година на селски имот во Калифорнија.

Слични содржини