Се самоубил на 300 метри од нејзината зграда: Пронајдено телото на полицаецот кој ја уби Ана

од Nikola Popovski

Полицискиот службеник Марко М., кој е осомничен за убиството на неговата поранешна партнерка Ана Илиќ (34) од српскиот град Ваљево, извршил самоубиство на нешто повеќе од 300 метри од зградата во која таа живееше.

По интензивното пребарување на терен, бидејќи вчера не бил пронајден на познатите адреси и места каде што се движел, припадниците на полицијата го пронашле неговото тело на поранешниот воен полигон во населбата Петтиот полк.

Според првите резултати од истрагата, полицаецот извршил самоубиство со огнено оружје. Неговото тело го пронајдоа припадниците на Министерството за внатрешни работи по деталното „чешлање“ на подрачјето од полигонот на Петтиот полк.

Да потсетиме, во февруари годинава, Ана Илиќ по втор пат го пријавила Марко М., нејзиниот поранешен партнер, за прогонство.

– Полицијата потоа го уапси, му ги одзеде оружјето, службената легитимација и значката, по што беше однесен на распит до Основното јавно обвинителство во Ваљево. Со пресуда на Основниот суд во Ваљево, тој е осуден на пет месеци затвор со услов од три години, како и мерка забрана за пристап и комуникација со жртвата на растојание помало од 100 метри, исто така на три години. Исто така, полициската управа во Ваљево покрена дисциплинска постапка против него во февруари и тој беше отпуштен – се наведува во соопштението на полицискиот сектор во истоимениот град.

Да потсетиме, Ана Илиќ, 34-годишна жена од Ваљево, вчера била ладнокрвно убиена пред зградата во која живее, информираат српските медиуми.

Според извори блиски на истрагата, убиецот очигледно знаел кога жртвата оди на работа. Сведоци нема, освен што една сосетка пријавила дека слушнала пукање и потоа видела маж кој се одалечува од местото на злосторството, но не се сеќавала физички да го опише.

Слични содржини