Се трага по маж: Го напуштил Клиничкиот центар и не се вратил дома

од Берта Китинска

74-годишен жител на Црник, општина Пехчево,пред три дена го напуштил Клиничкиот центар во Скопје и се уште не се вратил во родното село, информираат од полицијата.

„На 05.03.2022 во 20:15 часот во Полициска канцеларија Пехчево А.Ќ.(57) од Делчево пријавила дека нејзиниот брат К.Д.(74) од.с.Црник кој бил на лекување во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје на 03.03.2022 по сопствено барање го напуштил Клиничкиот центар и се упатил во непознат правец и до моментот на пријавувањето не се вратил во неговиот дом во с.Црник“, велат од полицијата.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Слични содржини