Се урна меѓукат во паб, повредени 13 лица (ВИДЕО)

од Milan1

Најмалку 13 лица се повредени во инцидент во паб во Лондон, од кои тројца потешко, кога се урна монтажниот меѓукат, јави Би-Би-Си. Очевидци велат дека во пабот имало повеќе луѓе од вообичаено.

Монтажниот мезанин се урна нешто пред 17 часот по локално време, објави британскиот јавен сервис. Пожарникарите од под урнатините извлекле седум лица, а Брзата помош соопшти дека три лица се тешко повредени, а десет лица се здобиле со полесни повреди.

Околу 16.30 часот, како што јавува Ројтерс, во пабот влегла поголема група фудбалски навивачи, а пред пабот се формирала редица.

„Слушнавме бучава и видов дека моето момче го зема нашето куче и се тргнува на страна. Го подигнав погледот и целиот таван паѓаше“, изјавила за Ројтерс една девојка која била во пабот.

Слични содржини