Се враќа „Принцот од Бел Ер“

од Vladimir Zorba

Во тек е проект за римејк на „Принцот од Бел Ер“ (The Fresh Prince of Bel-Air), во кој учествува и Вил Смит, sвездата од претходните шест сезони од популарната серија, пишуваат американските медиуми.

За новата серија се преговара со голем број стриминг услуги, вклучувајќи ги „HBO Max“ и „Netflix“, а наводно, Смит треба да биде еден од извршните продуценти, пишуваат „Hollywood Reporter“ и „Variety“.

Во оригиналниот ситком, кој траеше од 1990 до 1996 година, загрижена за неподготвеноста на нејзиниот син сериозно да го сфати животот, тинејџерот Вил (Вил Смит) е испратен од неговата мајка кај тетка Вивијан (Џенет Хуберт-Витн) и нејзиното семејство во Бел-Ер, Калифорнија, за таму да стане сериозен и да научи да биде одговорен.

Но, веќе на првата заедничка вечера, на која присуствуваат членови на високото општество, евидентно е дека животните погледи на Вил и на семејството Бенкс не се исти.

Во шест сезони и 148 епизоди, заедно со Смит, актерската екипа ја сочинуваа одлични комичари, што ја направи многу успешна.

Според американските медиуми, заплетот на новата верзија ќе биде поставен во модерното време, епизодите ќе траат еден час, а жанрот нема да биде комедија туку драма.

Дека станува збор за драма, евидентно е од четириминутното видео од Јутјуб, кое беше објавено минатата година од режисерот Морган Купер, кој серијата ја гледа повеќе како драма.

Детали за тоа кога ќе пристигне серијата и кој ќе го игра младиот Вил, сè уште не се познати.
Медиумите пишуваат дека Купер исто така ќе соработува на сценариото на новата серија.

Слични содржини