Се зголемува бројот на хоспитализирани во ковид центарот во Дебар

од Vladimir Zorba

Во Ковид центарот при Општата болница со проширена дејност во Дебар, каде се третираат и заболени од општина Центар Жупа, како последица од опасниот вирус синоќа починала повозрасна пациентка, жителка на Дебар, што е шеста жртва овој месец.

-Се зголемува бројот на заразени, а со самото тоа и на оние на кои им е неопходен болнички третман. Моментно во Ковид-центарот во нашата
установа хоспитализирани се 15 лица, сите на кислородна поддршка. Повеќето од нив се повозрасни, но имаме четири млади пациенти. Она
што е карактеристика за дури 90 отсто од нив е дека не се вакцинирани, изјави за МИА, Баки Алили, директор на болницата.

Во Ковид – центарот амбулантски се лекуваат над дваесет пациенти, а голем е бројот на оние кои доаѓаат на преглед со симптоми карактеристични за вирусот. Се верува дека бројот на носители на опасниот вирус е многу поголем, што го потврдува податокот дека во аптеките најбарани се брзите тестови.

Слични содржини