Седум момчиња силувале девојка во Палермо, еден од нив пред судијата признал сè: „Се вратив да ѝ помогнам“

од Stefanija Kuzmanovska

Еден од седумте млади момчиња осомничени за групното силување на 19-годишна девојка во Палермо се расплакал пред истражниот судија и рекол: „Си го уништив животот“.

„Тажен сум поради тоа што се случи, се извинувам на девојката и нејзиното семејство, се вратив за да ѝ помогнам“, изјави 19-годишниот Кристијан Марониа.

Тој тврди дека му било кажано дека девојката се согласила на сексуални односи со седум млади момчиња, од кои едниот бил малолетник, а најстариот имал 22 години во моментот на злосторството на почетокот на јули.

Според обвинувањата, младата девојка која била под дејство на алкохол, момчињата ја однеле во изолиран дел од центарот на градот, каде што наизменично ја силувале и снимале се.

Момчињата беа уапсени по речиси еден месец и обвинети за групен сексуален напад.

Слични содржини