ДУИ дефинитивно успеа пред своето раководство да се рехабилитира како главна и најмоќна партија во  Македонија, и  да се заборави дека на овие избори  е вистински губитник. Точно е дека тие сега кокетираат пред политичките елити, но заборавија дека се целосно поразени пред своето членство и гласачи. ДУИ и Ахмети се заиграа. Да, веројатно сега ја играат најголемата ролја, ама во чие име …!? Граѓаните  на последните изботи се откажаа од нив. Но, таа сметка ќе стигне малку подоцна, за локалните избори или следните парламентарни и тогаш ќе биде онаа старата „кој високо лета- треснува на земја“.Освестувањето секако ќе боли!Но, дотогаш да се уживо во битноста на Ахмети.

Сега засега тие диктираат со своите 6+4 пратенички гласа. Убаво вели Ахмети дека сите сценарија се во игра, но веројатно и пред себе си, не си признава  дека над глава им виси истата приказна како со Мендух Тачи за чија оставка денеска расправа   ценетралното претседателство на ДПА. Ќе дојде и  редот на ДУИ, сега се сокрија зад платформата.

 Се по список за СДСМ

Откако го замачка поразот ДУИ , нешто како и претседателот Иванов, секој ден си додава по нешто на списокот. Којзнае дали тоа  е по налог од  Никола Груевски, колку ли мисли дека му помага,  но сигурно е дека тоа само го одложува тој политички крај,  на таквата влада и таквиот двоец-Ахмети Груевски.

ДУИ  сега чека комплетен предлог за Влада,  се на список од Закон за рамноправна употреба на службениот албански јазик на цела територија, па до поделба на функционерски места. Ова синоќа во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, го изјави Артан Груби, шеф на кабинетот на претседателот на ДУИ , а сега и пратеник.

– Материјалите што ги бара ДУИ од СДСМ се однесуваат на повеќе работи. Првиот дел е хармонизација на политичките ставови околу многу ситуации во земјава, извештајот на Прибе, СЈО, Охридскиот договор, албанскиот јазик и многу други прашања што ќе треба Владата да ги застапува во наредниот период.

Вториот дел се однесува на хармонизација на платформите што ги имавме на последните избори, односно она што им  го ветивме на граѓаните.

Третиод дел се однесува на поделба на ресорите, а четвртиот дел е СПИСОК, роковникот за сево ова да се исполни – рече Груби.

Груби само не кажа дали на тој список за ДУИ треба да стои  и дека сите Албанци, коко што беше до сега кога беа во коалиција со ВМРО ДПНЕ, односно дека вработените во  администарција не мора да одат на работа а мора да земаат цела плата, не мора да имаат образование ама мора да имаат функционерка позиција на линија на соодветноста -0смо одделение партискса книшка на ДУИ = директор или најмалку раководител!?

Сепак, тој оцени дека на крајот за сè  по списокот ќе решава Централното претседателство на партијата. Груби не сакаше да прецизира и  што конкретно најави Ахемти со „белгиското сценарио“, според кое Белгија 2 години немаше влада и рече дека технички гледано, ДУИ може да решава и 4 години. И тоа им одговара затоа што бизнисите им врват.

ЕУ за него 

Речиси за истата перверзија се изјасни и еврокомасарот Јоханес ХАН. Првин велеше „брзајте влада“,  нова мора да има што побрзо, вчера рече не брзајте- полека договорете се убаво. Има време!?

„Очигледно, потребно е уште време. Партиите треба да продолжат да преговараат за доброто и интересите на државата, заради граѓаните, европската перспектива и да се фокусира на конкретна работа за иднината на земјата, за натамошната интеграција. Сега е време кога треба да ја демонстрираат демократската зрелост. И ако ова биде случај, јас сум убеден во иднината на земјата“.

Со оваа порака од Македонија си замина еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, која вчера имаше серија со раководствата на сите парламантарни партии. Ќе дошол пак. Ако вака ги дава насоките мислам и немора, може Коцијанчиќ да каже, многу поубедително делува.

И ова секако се однесуваше на партиите и на  елитите, а не знам дали Хан  помисли на обичите граѓаните кои десет години веќе се во агонија, притисоци,откази, па дали не помисли  на економијата и на бизнисмените,  и оние што преживуваат без партиски книшки, дали за нив има време затоа што не мислат исто со владата која и натаму ги тера главните бизмниси, си прават пари, и другите можат да чекаат. Хан дефинитивно  ги знае европсите ама дали го инересираат македонските граѓани  кои се блокирани некаде на тој межѓугранилен премин кон ЕУ, нешто како нашите цистерни со гориво на Евзони. А знаат ли  уште  колку сите ние сме издржливи, и  старата опзиција а богами и новата која веќе почнува со закани во стилот-Да се биде или не! ( Да се владее или не ! заб.авт.), знаат ли колку се повеќе сите стануваат гадливи на тие глупи европски концепти и   дипломатски шеми во стилот Тргни- застани и надеж за ЕУ!

Ама очигледно и во Европа се е испревртено како и кај нас, и  иднина и минато, победници и поразени, лидерство и граѓанство- се по Список!

Ад

 

Слични содржини