СЕНЗОРОТ ЗАТАИ КАКО ВО ПЕКИНГ 2008: Мекеон како Чавиќ (ФОТО)

од Nikola Popovski

„ОМЕГА“ потфрли во Токио како и во Пекинг во 2008 година. Филмот од познатото финале на 100 метри пеперутка повторно им се врати на сите кога Србинот Милорад Чавиќ прв стигна до целта, но Американецот Мајкл Фелпс наводно посилно го допре ѕидот и освои злато.

Сега, во полуфиналето на трката на 100 метри пеперутка, Австралијката Ема Мекеон беше побрза, барем според сликата, од Кинеската Жуфеи Џанг, но трката завршила во исто време – 55,82 секунди.

Австралијците се лути на тоа, но иако новиот случај потсети на неправдата од 2008 година, сега Мекеон можеше да поправи сè во финалето.

Сепак, во полуфиналето не се одлучувало за медалите.

Слични содржини