Сериозен проблем за Лампард во Евертон

од Vladimir Zorba

Голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, ќе отсуствува три до четири недели откако заработи повреда на бутот на дербито на Мерсисајд против Ливерпул викендов.

28-годишниот чувар на мрежата ќе ги пропушти првенствените натпревари против Арсенал во сабота и Вест Хем следната недела, како и натпреварите од Лигата на нации на Англија против Италија и Германија.

„Англискиот репрезентативец ги помина медицинските прегледи оваа недела и не се очекува да се врати на терените пред следната репрезентативна пауза“, соопшти Евертон.

Премиер лигата продолжува на 1 октомври по паузата.

Слични содржини