Сестрата на Том Хенкс: Не е идеално, ама можеше да биде и полошо

од Elena Daskalova

Актерот Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се во домашен карантин откако беа испуштени од болницата во Квинсленд. За нивната состојба прозборела сестра му Сандра.

„Комуницирам со брат ми, не е идеално, но е во ред, можеше и полошо. Дали сум во шок? Не многу, тој е актер, не е Бог, а здравствената грижа во Австралија е навистина добра“, изјавила Сандра Хенкс.

Таа пак, во 2016 година се пресели во Италија и живее во градот Порденон, кој се наоѓа северно од Венеција, но засега, таа тврди дека нема симптоми на заболувањето ковид-19, предизвикано од новиот коронавирус.

Слични содржини